Чудесниот магдонос, зачин, лек и сојузник на убавината

Parsley2

Магдоносот е многу повеќе од зачин – има бројни лековити  својства, помага во слабеењето и во борбата против целулитот.

Навикнати сме магдоносот да го користиме речиси исклучиво како зачин, како додаток на супа или како декорација на чинијата, меѓутоа неговите лековити својства се бројни.

Чајот од магдонос е одличен за исфрлување на токсините од телото, го подобрува метаболизмот, но помага и во превенцијата на заболувањата на срцето и на бубрезите. Магдоносот содржи две многу битни состојки, а тоа се апиолот и миристицинот. Овие елементи се задолжени за ублажување на инфекциите на уринарниот тракт.

Флавоноидите кои ги содржи магдоносот, заедно со лутеолинот, делуваат како антиоксоданси, се врзуваат за слободните радикали и така го попречуваат нивното штетно влијание врз организмот. Познато е дека голема концентрација на слободните радикали е поврзана со низа заболувања како што е ракот, дијабетесот, астмата … Освен тоа што содржи антиоксиданси, магдоносот е одличен извор на витамините А и Ц.

Прочитајте и:  Омилениот зимски пијалок може да го намали ризикот од срцев удар, покажуваат истражувања

Доколку имате проблеми со нередовна и болна менструација магдоносот е одлично решение. Грицкањето магдонос во деновите пред започнувањето на циклусот го отстранува вишокот на вода од организмот и на тој начин ја спречува надуеноста.

parsley4

Но, треба да се знае дека магдоносот не е сосема безопасна билка. Неговото користење за време на бременоста мора да биде мошне дозирано и контролирано. Во големи количества во бременоста тој делува како утеротоник, и може да предизвика контакции на зидовите на матката.

- Реклама -