Руските политичари денеска категорично осудија две карикатури за несреќата на рускиот патнички авион A321 објавени од познатиот француски сатиричен весник Charlie Hebdo.
Според претседателот на комитетот на Државната дума на образованието, Вјачеслав Никонов, карикатурите на катастрофата во Египет нанесуваат удар на имиџот на Франција и цела Европа.
„Во овој случај новинарите на Charlie Hebdo извршиле подбивање со меморијата на оние луѓе кои загинаа во оваа страшна несреќа. Мислам дека овие карикатури силно удираат по имиџот на Франција како држава и имиџот на Европа, каде ваквите дејства се можни “, изјави рускиот пратеник, кој е од” Единствена Русија “.
Според зборовите на претседателот на рускиот Комитет за меѓународните работи кон Советот на Федерацијата, Константин Косачев, карикатурите на француското списание се “безчувствителни” и се израз на “рамнодушност кон страдањето на луѓето и новинарско самоволие”.