115 години по раѓањето – што се случи со Амелија Ерхарт?

Денес е 115-та годишнина од раѓањето на Амелија Ерхарт. Google го одбележа настанот со doodle во кој Амелија се качува во авион.

Ерхарт беше првата жена пилот која сама го прелета Атлантскиот Океан. Нејзиното исчезнување е една од највпечатливите мистерии во историјата на Америка. За време на обид за лет околу светот во 1937 година со нејзиниот Локхид Модел 10 Електра Ерхарт исчезна над централниот дел од Пацификот во близина на Островот Хауленд.

Ова е нејзината животна приказна:

  • Амелија Мери Ерхарт била родена на 24 јули 1897 година
  • Таа е значаен пионер на американската и светската авијација и писател
  • Ерхарт беше првата жена која сама го прелета Атлантскиот Океан, подвиг за кој била одликувана со Американскиот Distinguished Flying Cross
  • Таа поставила неколку рекорди, пишувала бестселери за нејзините искуства и имала клучна улога во основањето на The Ninety-Nines, организација за жени пилоти
  • Ерхарт станала од одделот за авијација на Пурду Универзитетот во 1935 како советник за кариери и им помагала на жени да пронајдат идеална кариера
  • Таа била член на Националната Партија на Жени и ран подржувач на Амандманот за Еднакви Права
  • Пред 75 години на 2 јули 1937 година, Ерхарт исчезна мистериозно некаде над Пацификот за време на обид за обиколување на светот
  • Нејзиниот двомоторен Локхид Електра, со Амелија како пилот и Фред Нунан како навигатор, никогаш не бил најден
  • Нејзиниот Локхид Вега 5b, авионот со кој го прелета Атлантскиот Океан, сега е дел од колекцијата на Националниот Музеј на Воздухопловство и Вселена во Вашингтон
Прочитајте и:  Три хороскопски знаци кои премалку се грижат за своето здравје

Нејзиното исчезнување било проследено со теории, гласини и шпекулации. Една од најпопуларните е дека таа била испратена од американската војска да ги шпионира Јапонците. Според една верзија Рузвелт едноставно ја замолил да внимава на јапонската територија и да ја забележи нивната инфраструктура.

Рендал Бринк, автор на “Lost Star: The Search for Amelia Earhart,” инсистира дека Ерхарт била шпион. Тој пишал за интервју со техничар кој рекол: „Се сеќавам дека добив наредба да исечам две дупки од околу 40 сантиметри во дното на опашката на авионот за електронски управувани камери.“

Другите најпопуларни теории биле:

  • Ерхарт се вратила во САД каде што живеела под ново име
  • Ерхарт била заробена и умрела на Никумароро
  • Вонземјани

Сега експедиција која чини 2,2 милиони долари ќе се обиде најпосле да ја реши мистеријата. Што точно се случило во Јужниот Пацифик пред 75 години?

- Реклама -