Три години откако го прекинаа производството на спортскиот модел RX-8 со роторен агрегат, Mazda Motor Corp, на авто салонот во Токио покажа дека не се откажува од идејата на тие мотори, бидејќи тоа им допринело многу успеси во минатото.
Mazda го демонстрираше новото спортско купе наречено RX-Vision во кој е употребена третата генерација на ротационен мотор наречен Skyactiv-R. За презентацијата лично се погрижи претседателот на брендот Масамичи Когаи. Тој не сподели ништо за евентуално пуштање во производство на моделот, но рече дека новиот мотор е поефикасен, почист и доволно сигурен за да се користи во сериски модели на марката.