Ракувај се со мене, псоријазата не е заразна!

psoriaza2

Денес е 29 октомври, светскиот ден на борба против псоријазата

Денес псоријазата е сé повеќе распространето заболување кое иако не е заразно, претставува сериозен сигнал дека организмот не е здрав. Покрај лекарствата што ви ги препишале, ви советуваме да воведете избалансиран режим на исхраната кој и тоа како може да помогне заболувањето побрзо да се надмине.

Треба да јадете што повеќе разноврсно овошје, зеленчук и интегрални житарици. Зеленчукот нека биде суров, како што се морковот, репката, корен од керевизот (целерот), спанаќот, магдоносот, марулата и зелката. Внесувајте што повеќе течности, минимум два литри вода на ден, а избегнувајте ги соковите со засладувачи и конзерванси.

За да се изборите со псоријазата, драстично мора да го намалите внесот на маснотиите и на простите јаглено хидрати. Не јадете намирници што содржат црвен пигмент (патлиџан, кечап, црвени бобинки), од друга страна, можете да јадете до 150 грама зајачко, мисиркино или чисто говедско месо.

Прочитајте и:  Крушите се одлично овошје, еве што прават за вашето тело

Диетата за лекувањето на псоријазата почитувајте ја од 30 до 60 дена, и резултатот сигурно ќе го почувствувате „на ваша кожа“.

Сепак, препорачуваме  најпрвин  да консултирате лекар , бидејќи тој најдобро ќе ја разбере природата и степенот на заболувањето и ќе ви препише соодветна терапија.

- Реклама -