Спанаќот, зелениот крал

spanakj2

Поради изобилието на витамини и минерали, спанаќот е „кралот на зеленчукот“. Во само 100 грама спанаќ има околу 1400 милиграми минерални состојки. Спанаќот е извонреден извор на витаминот Ц и на бета каротенот. За задоволување на дневните потреби доволен е еден филџан варен спанаќ. Спанаќот е добар извор на фолатите и на витамините од групата Б кои имаат важна улога  во намалувањето на нивото на хомоцистеинот во крвта (состојка за која се верува дека доколку е присутна во повисока концентрација, може да го зголеми ризикот за срцевиот удар). Познато е дека магнезиумот го чува нашето срце, тој е важен минерал за одржување на нормално ниво на крвниот притисок, а ретко која билка го поседува како спанаќот. Освен тоа, спанаќот е растение кое содржи најмногу железо.

spanakj3

Спанаќот треба да се јаде и поради витаминот К, важниот сојузник во одржувањето на здравјето на коските. Треба да се јаде и поради калциумот, натриумот, фосфорот, манганот, бакарот, цинкот, јодот, кобалтот. Поради завидното присуство на целулозата, спанаќот е драгоцен и за чистењето на организмот.

Прочитајте и:  Ботаничко дуо | Софка и Дани

Оние кои имаат пореметени функции на бубрезите и на мочниот меур треба да го избегнуваат спанаќот поради оксалатите кои доколку се присутни во поголеми концентации во телесните течности можат да доведат до здравствени потешкотии. Кај оние коие имаат проблеми со  штитната жлезда исто така не им се препорачува спанаќот поради присуството на таканаречените гоитрогени состојки кои ја попречуваат нејзината работа.

spanakj 4

При купувањето на оваа исклучително осетлива намирница треба да се внимава нејзините листови да бидат со интензивно зелена боја како одраз на нејзината свежина.

Сварениот спанаќ не е добро да се остава подолго време во ладилникот ниту во замрзнувачот.

 

 

- Реклама -