Експеримент: Атмосферски V8 или хибрид?

Интересни податоци нуди Infiniti за работата на двете свои изведби со атмосферски V8 мотор и со хибриден погон и остава на вас самите да одлучите што е подобро?!

Во денешно време големите автомобилски производители обрнуваат повеќе внимание на т.н. хибриден моќен погон, кој во повеќето случаи вклучува помал бензински мотор и електромотор. Сеуште големите и луксузни автомобили се опреми и со култниот V-twin мотор со осум цилиндри кој располага со многу моќ и со навистина уникатен звук. Кој сепак е подобар што се однесува до динамиката и економичноста – атмосферски V8 или хибрид? Одговорот на ова прашање можете да го дадете сами по споредбата помеѓу големите седани на Infiniti, означени со индексите Q50 Hybrid и Q70S. Овој дуел е во трите основни начини на работа Eco, Standart и Sport.


V-twin со осум цилиндри
„Осмакот“ на седанот Q70 се појавува во 2010 година. Развиен е специјално за овој модел, кој тогаш се нарекуваше M56. Инжинерите за оваа цел искористија искуства, односно основата му беше превземена од моторите на Nissan Armada и пикапот Titan од почетокот на ХХI век, а разликата е дека за верзијата М56 кон моторот е додадено директното вбризгување на гориво и системот за управување со фазите на доток на потребната смеса е модернизиран. И покрај овие и редица други измени, самата архитектура на моторот е иста. Моќноста на преработениот агрегат е 425 коњски сили, неговата работна зафатнина е 5,6 литри, а максималниот вртежен момент – 550 Nm.


Хибридниот погон

Во составот на ова остварување влегуваат V-twin шестцилиндерски бензински агрегат, кој работи заедно со електромотор со 50 коњски сили. Системската моќ на погонски тракт е 355 коњски сили, а максималниот вртежен момент – 536 Nm. И кај двете верзии се набљудуваат слични динамични карактеристики – забрзување од 0 до 100 km/h за 5.5 и 5.3 секунди, односно за Q50 Hybrid и Q70S. Масата е речиси еднаква. Хибридот тежи 1.900 килограми, а Q70S за 40 kg повеќе. Разликата е само една – потрошувачката на гориво. По фабрички податоци V-осмакoт троши 12,5 на 100 во мешан режим, а хибридот – 6.8 литри , но дали е така во реалноста?


Режим Eco

Во најекономичниот режим  при споредливи брзини хибридниот модел на Q50 Hybrid не му дава на „осмакот“ никакви шанси. Тоа е затоа што во многу случаи електрониката користи за погон само електрично напојување, а освен тоа електронскиот акселератор на Q50 Hybrid игра улогата на виртуелен демпфер и реално потрошувачката паѓа до 7,5 l/100 km. Кај Infiniti Q70 нема ништо слично. При активирање на Eco-режимот педалата за гас станува „побавна“ и одговорот на моторот е слаб. Автоматскиот менувач пак се стреми при секој случај да префрлува во поголема брзина и да ја намали потрошувачката, што доведува до реален трошок од 10,8 литри на 100 км километри. И двете верзии се испробани на отворено со блиска до максимално дозволената брзина.


Режим Standart

При ниски и средни брзини во режим Standart Q50 Hybrid повторно е во предност пред Q70. При брзина во опсег од 50 – 90 km/h хибридот троши не повеќе од осум литри, додека осмакот е над 10 литри. Кога сепак брзината ќе се зголеми над ознаката 100 km/h, V-twin осумцилиндерскиот агрегат е подобар. Можеби е неочекувано за некои, но тогаш Q70 е поекономичен од хибридниот Q50.


Режим Sport

Во спортскиот режим Q50 Hybrid е во далеку попоневолна ситуација. Нагло притискање на педалот за гас ги вклучува во акција и двата мотори, што доведува до брзо празнење на батеријата. При активно возење во градот потрошувачката на хибридниот лесно надминува 15 литри на 100 километри. Во спортски режим потрошувачката на Q70 е идентична и дури помала од онаа на хибридниот. При активно возење во градски услови и при брзина до 90 km/h потрошувачката едвај надминува 14 литри. Така во спортски режим двете верзии се со речиси израмнети можности во однос на потрошувачка на гориво.

Заклучоци

Излегува дека во првите два начини и кај умерено возење хибридот е доста поекономичен, но дојде ли до подинамично возење и поголема брзина, двата системи се изедначуваат. Во спортски режим и во градски услови е постигната најмала разлика, 14,4 литри за V8 и 14,9 за хибридниот. При високата брзина батеријата на хибридниот се троши брзо и таму разликите во потрошувачката на гориво, исто така се стопуваат.

Значи, кој е љубител на рескиот звук на V8 и сака да вози подинамично, да не размислува. Друго е прашањето до кога автомобилските производители ќе прават автомобили со големи мотори поради се пожестоките еконорми. Дали нема да дојде време кога масовните автомобили ќе бидат комплетно електрични, а на ретките произведени хибриди ќе се гледа како на V8 изведбите денес?

- Реклама -