Јапонскиот производител тврди дека придобивките од иновациите се големи. Инженерите на оваа тема работеле во тесна соработка со експерти од Универзитетот Тохоку, а новите гуми засега се тестираат само преку компјутерска симулација. Резултатите се повеќе од добри, а главните предности на иновацијата со спојлери се намалување на воздушниот отпор и подобрување на ефикасноста и продуктивноста на возилото.
Во моментов информациите се ограничени, а од Yokohama за почеток понудија неколку фотографии од предметната симулација направена со компјутер. Преку неа инженерите ја утврдиле најмоптималната форма и поставеноста на каросеријата.
Повеќе детали за производот ќе бидат откриени на крајот на овој месец за време на автомобилскиот саем во Токио.