Со основањето на Apple во 1976 година, компјутерскиот гениј Стив Џобс го посветува целото свое време на работата. Во 35-годишниот професионален живот тој пропуштил само еден состанок.
„Сигурно бил болен“, ќе помислите. Во спротивно како може човек, толку оддаден на својата работа да пропушти деловна средба?!
Толку е едноставно: Стив Џобс ја пропуштил оваа работна средба заради средбата со млада и прекрасна жена, која подоцна станува негова сопруга.
Еден ден Стив Џобс држел предавање во универзитетот. Идната сопруга Лорен Пауел седела во публиката. Тој ја забележал на прв поглед и по предавањето отишол кај неа. Лорен му дала телефонски број. Уште истиот ден тој одлучил да ја покани на вечера, но имало еден проблем – за вечерта имал закажан состанок. Сепак, во животот нема ништо случајно. Додека седел во својот автомобил, Стив се запрашал: “Што би направил ако ова е последниот ден од мојот живот?”
Не е тешко да се погоди на која средба одлучил да замине. Веднаш се вратил, ја пронашол Лорен меѓу публиката на предавањето и ја однел на состаок, по кој што потоа се неразделни до крајот од животот.
Сознанието дека си смртен е неверојатен извор на мудрост. Кога се соочуваме со мислата за неизбежниот крај, во душата се пали неверојатна страст и желба за преземање ризици, порив да се погледне кон напред во играта наречена Живот. Свесеноста дека времето на Земјата има крај, нè тера да се фокусираме на најважното.
А што би направиле вие ако денешниот е последниот ден од вашиот живот?