Производителот на електрични автомобили Tesla Motors се надева да го надмине наскоро проблемот на своите ривали, лансирајќи нов автопилотен систем кој им овозможува на автомобилите сами да се престројуваат во друга лента.
Слично на полуавтоматските системи на компании како Mercedes, Audi и Volvo, технологијата на Tesla го држи автомобилот во лентата во која се движи, на одредена далечина од автомобилот напред како на автопат, така и во градските улици. Системот е во состојба да најде паркинг и да паркира паралелно и користи камери и сензори за да ги предупредува возачите за ризик од страничен удар. Експертите посочуваат дека можноста за промена на лентата се нуди за прв пат.
Извршниот директор на Tesla, Елон Маск наведува дека системот постојано ќе собира податоци од другите возила за да го насочи автономното на вистинскиот правец. Тој ќе ги сними, на пример, толку брзо и во исто време сите податоци, за да може безбедно возачот да помине на одреден свиок или да сопре каде има „стоп“ знаци.
„Ова драстично ќе ја промени визијата за иднината“, вели Маск, кој предупредува дека, сепак, возачите треба да го држат цврсто управувачот и дека автопилотниот систем ќе го потсетува за евентуалните непосакувани ситуации. Возачите, а не Tesla ќе носат одговорност во случај на инцидент, истакнува Маск. Според него од техничка гледна точка целосно автономните автомобили ќе станат реалност по најмалку три години, иако веројатно ќе биде потребно повеќе време за да се решат од страна на регулаторите.