ВОЛШЕБНА НАМИРНИЦА – Еве зошто гравот е идеален за вашето здравје:

1.Богат е со влакна што го намалуваат холестеролот и го забрзуваат процесот на варењето (дигестијата) во организмот. Во комбинација со здравата исхана ова може да биде исклучително корисно.

grav2

2.Бавно се вари, што значи дека по оброкт сте сити. Тоа значи дека нема да внесувате дополнителни непотреби калории, па затоа гравот ви помага во процесот на слабеењето.

3.Содржи малку калории и има голема нутритивна вредност. Еден филџан грав содржи помеѓу 200 и 250 калории.

grav3

4.Богат е со протеини па е одличен извор на квалитетни белковини. Поради таквиот состав, гравот е мошне хранлива намирница што ќе ве наполни со енергија.

5.Тој е одлична замена за месото. Гравот е добар избор за вегетаријанците, но и за „гурманите“ кои имаат проблем со надуеност и летаргијата кои најчесто ги предизвикува месото.

Прочитајте и:  Три најздрави намирници за мозокот, според лекарите

grav 4

6.Добар е за стабилизирањето на шеќерот во крвта и доколку болувате од дијабетес или од хипогликемијата, секако би требало да јадете повеќе од оваа супернамирница одлична за контролата на шеќерот  во крвта.

7.Одличен извор на енергија. Неговиот состав е комбинација од јаглено хидрати и протеини.

 

- Реклама -