НАТО ќе пука на непријателските руски авиони

raf

Британските борбени авиони RAF, како и останатите авиони на НАТО, наоружаа воздух-воздух проектили и имаат зелено светло да пукаат на евентуално непријателски-расположените руски авиони.

Иако НАТО пилотите летаат под наредба да избегнуваат секаков контакт со воздухопловните сили на Владимир Путин, мораат да се подготвени, ако е потребно и се најдат во ситуација на живот или смрт, во било кој момент да соборат руски авион.

Одобрувањето за самоодбранбени напади врз руските авиони доаѓа откако британските министри ја обвинија Русија дека ја искомплицирала ситуацијата на Блискиот исток и придонела за „многу поопасна“ атмосфера.

flypast_0[1]

Извори од британската одбрана тврдат дека е прашање на време кога нивните пилоти ќе се најдат во смртоносна конфронтација со руски авион.

Прочитајте и:  НАТО: Нема индиции за некаков намерен напад на територија на Алијансата

„Никој не знае што Русите ќе сторат следно. Не знаеме како ќе реагираат ако дојдат во контакт со некој од борбените авиони на НАТО алијансата. …Кога авионите летаат со суперсонични брзини, небото станува претесно многу брзо. Може да се случи судар или некој руски пилот да биде погоден по грешка“, истакнува еден од изворите.

- Реклама -