Поспан мрзливец (видео)

мрзливецВидео од поспано бебе мрзливец стана онлајн хит гледан од над 900.000 луѓе. Видеото кое трае само 19 секунди, било поставено на YouTube на почетокот на месецов. И иако некои гледачи го нападнале видеото бидејќи според нив тоа ги охрабрува луѓето да чуваат мрзливци како миленичиња, авторот “TheMrMikeK” со задоволство им посочува дека тоа не е целта.

Тој вели: „Ова не е милениче, и причината поради која малиот мрзливец не е во дивината е бидејќи мајка му го напуштила, по што туристичкиот водич го нашол како плаче во џунглата. Тој сега го чува и го храни додека да порасне со надеж дека наскоро ќе биде доволно стар и доволно силен за да си наоѓа храна во дивината. Кој при здрав памет би чувал мрзливец како миленик?“

{youtube}sL5mAbwUYpM{/youtube}

- Реклама -