Land Rover пушти нова специјална серија на легендарниот теренец Defender, при што главниот акцент е ставен на нови решенија на бојата на екстериерот.
Клиентите имаат можност да изберат меѓу главните верзии на Defender-90 Hard Top, 90 Station Wagon, 110 Station Wagon и 110 Utility Wagon кои се нудат во Orkney Grey или Nara Bronze (уникатна за серијата) главна боја со контраст Santorini Black на покривот.
Land Rover Defender Special Edition се разликува од своите стандардни верзии со тематски направената етикета, стилизиран ентериер, нови 16 инчни фелни, во комбинација со офроуд гуми и друго.
Defender Special Edition е достапен со 2.2 литарски дизелски агрегат, комбиниран со шестстепена механичка менувачка кутија.
Објавено во соработка со Авто Плус.