Бигфут забележан во Северна Каролина (видео)

БигфутТомас Бајерс, ветеран од војната во Виетнам снимил видео од пет секунди со лош квалитет во кое тој вели дека е снимен Бигфут додека го преминува пат во шума. Томас вели дека суштеството тежело над 130 килограми, имало жолти заби и оставило отпечатоци од стапала со шест прсти.

„Тоа дефинитивно беше една од најневеројатните глетки што сум ги видел“ изјавил тој. „Во еден момент суштеството беше на само 5-6 метри од мене. Сè се случи толку брзо и ме потресе толку многу што сфатив што видов дури откако исчезна.“ Господин Бајерс и неговата пријателка Керолин Рајт било во природа во областа Ратерфорд во Северна Каролина кога го забележале суштеството крај патот.

Кога застанеле суштеството погледнало кон господин Бајерс, ги дигнало рацете, испуштило крик и потоа избегало кон грмушките. „Претрча преку патот во шумата пред нас и успеав да го снимам“ изјавил господин Бајерс на неговиот блог. „Во краткото видео можете да чуете како бревта. Една работа што сигурно ја знам е дека мирисот беше ужасен. Мирисаше како комбинација од нешто мртво и твор.“

Прочитајте и:  Трамп: Ако Техеран ме убие, се надевам дека САД ќе го збришат Иран од лицето на Земјата

{youtube}jGz8qqRgTVQ{/youtube}

Оваа случка била во Златната Долина каде што Бигфут наречен Ноби бил забележуван со години. Господин Бајерс изјавил: „Знам дека беше вистинско суштество кое не беше задоволно што јас бев таму. Ова навистина беше една од најневеројатните работи кои сум ги видел.“ Митот за Бигфут е локална легенда во северозападниот дел од САД долго време и е речиси познат колку и чудовиштето од Лох Нес, и покрај тоа што нема никакви докази за нивното постоење.
Бигфут Бигфут, познат и како „Сасквач“, тој оди на две нозе и е целосно прекриен со крзно. Бројот на пријавени средби со Бигфут пораснал по напис во весник од декември 1959 година. Најпозната случка е краткиот филм снимен од Роџер Патерсон и Роберт Гимлин снимен во северна Калифорнија во 1967 година. [Bigfoot video emerges of ‘ape man’ crossing the road in North Carolina]

- Реклама -