12 нешта чиј рок на траење не го знаете

Дури и кога мислите дека некои продукти можете да ги користите сé до моментот додека не ги потрошите, вистината е дека едноставно не го знаете нивниот рок на траење. Со други зборови, сé си има своја трајност.

1. Избелувачите и останатите дезинфициенси: Избелувачите и детергентите го губат ефектот по три месеци од отварањето.

2. Крема за сончање: Може да се користи три години. Ако на амбалажата не е втиснат рокот на траење, едноставно запаметете кога отприлика сте ја купиле кремата.

3. Зачини: Сушените зачини можат да се користат од две до три години. Сепак, главно зависи од тоа како се сушени и од што се направени.

4. Апарат за гасење пожар: Повеќето ПП апарати можат да се користат од 5 до 15 години, зависно за кој вид се работи. Се разбира, ова е под услов ако по користењето задолжително го проверите притисокот и одново го наполните.

5. Маскара: Во маскарата што ја користите подолго од 3 месеци можат да почнат да се развиваат бактерии кои предизвикуваат јачмени и други очни инфекции. Препорачливо е да купувате нова маскара на секои три месеци и никако да не ја делите со пријателките.

6. Детските автомобилски безбедносни седишта: Материјалите од кои се изградени стануваат многу кршливи по 6 до 10 години. Таквите седишта се многу опасни за вашето дете, што е тотално спротивно од нивната основна намена.

Прочитајте и:  Џезерите ќе свират рок во салата на Македонската филхармонија

7. Сунѓер за капење: Вистински мамец за бактерии. Менувајте ги на секои неколку седмици.

8. Жестоки пијалоци: Жестокиот алкохол во затворено шише ќе трае засекогаш, но штом еднаш го отворите, обично имате една година да го потрошите.

9. Руж за усни: Можете да го користите до две години – по што ќе го промени мирисот и бојата.

10. Спреј против инсекти: Ги губи своите својства две години откако е произведен. Тоа е можеби причината што уште ве напаѓаат комарци и покрај тоа што сте се „заштитиле“ со спреј; проверете го датумот.

11. Жилети: Дури и ако не ги користите често, лесно собираат бактерии. По можност, менувајте ги на една седмица т.е. на секои 2 до 3 бричења. По секоја употреба добро исушете ги.

12. Велосипедски кациги: Како и детските седишта, по неколку години го губат своето својство на амортизација. На пример, многу е поопасно ако паднете и ја удрите главата со 10 години стара кацига, отколку ако истото ви се случи со нова.

- Реклама -