Jeep Grand Cherokee потрфли на „тестот на елените“

И покрај системот против превртување и ESP, новиот Jeep Grand Cherokee не го мина најдобро „тестот на елените“, што се спроведува од шведските експерти.

При извршување на маневрите со брзина од 63.5 km/h возилото се најде на две тркала и за малку не се преврте. Инаку, како што е познато ова е тест што симулира нагла промена на насоката на движење на возилото, за да се избегне удар со пречка која ненадејно ќе се појави на патот, на пример елен, од каде и доаѓа името. Тој се одржува од 70-тите години на минатиот век од експерти од  шведското списание Teknikens Varld, а брзината при овој тест е над 60 km/h.

Од концернот Chrysler реагираа веднаш, имаа оправдувања за она што се случило на тестот и зошто, па побараа од надлежните да се одржи уште еден тест, овој пат тежината на возилото и неговиот товар да не ги надминуваат наведени параметри со упатството за употреба.

За вториот тест беа донесени три возила на Jeep Grand Cherokee, кои го поминаа тестот вкупно 11 пати. Во ниту еден од нив не дојде до ситуација слична на првата проба. Сепак од Chrysler најавија дека ќе продолжат да работат на стабилизирање на возилото.

Токму благодарение на тоа искуство во 1997 година беше откриена „склоноста“ на тогашната A-Сlass на Mercedes-Benz од превртување. Привремено беше запрено производството на моделот, а продадените автомобили вратени во службата за подобрување на амортизацијата и интеграцијата на специјални системи.

Освен Jeep Grand Cherokee на последниот тест се најдоа уште три кросовери. Volkswagen Touareg, Volvo XC90 и BMW X5  го поминаа тестот со брзина од 70 km/h, без да имаат некакви проблеми со наглото менување на правецот на движење.

Објавено во соработка со Авто Плус.

- Реклама -