Како најбрзо да издишите душек за пливање?

Базените, душеците, гумите, топките и сите играчки на дувување имаат и една многу лоша страна – треба да ги издишите.

Како што знаете, тој процес може да биде уште поиритирачки од самото надувување. Но не и ако ја употребите иновативноста.

Наместо да го притискате вентилот додека прстите не ви отпаднат, можете да употребите обична цевка за пиење.

Протнете ја во вентилот за издишување, внимавајќи да не излета или да не пропадне во внатрешноста. Цевката ќе го чува внатрешниот поклопец отворен, а во исто време ќе го пропушти воздухот да излезе. Друг мал трик што можете да го направите е да употребите штипка, со тоа што ќе биде доволно силна да го притисне вентилот, но не и целосно да го затвори. Се разбира, ставете нешто тешко врз предметот за да го забрзате истиснувањето на воздухот.

Прочитајте и:  Куќна помошничка фрлила стар душек „тежок“ 50.000 евра, не знаела дека е полн со накит и пари

Постојат и други начини, а се што треба е да посветите барем некоја минута на размислување на таа тема. Ако нас не прашувате, вреди.

Прочитај повеќе:Како најлесно да надуваш душек

- Реклама -