Да се разладиме и засладиме

Как полесно да ги преживееме горештините? Храна идеална за летните жештини…

Храната е многу важна, кога температурите надвор го надминуваат 40-иот степен.

Особено се добри намирниците кои имаат висока содржина на вода и кои ќе ве хидрираат и освежат.

Ако во текот на топлите денови одбивате да пиете топло кафе или чаеви, не сте во право. Имено, додека пиеме топли напитоци, рецепторите на нашиот јазик му сигнализират на мозокот дека ни е топло, па така се потиме и дополнително се ладиме. Тоа се случува и кога јадеме зачинета храна, односно поради тоа исхраната во најтоплите краеви изобилува со лути состојки.

Погледнете кои намирници се одлични кога сакаме да се разладиме и полесно да ја поднесеме топлината.

Краставица

Одлична како салата, но и за освежување. Направете ладно предјадење, супа од краставица. Помешајте краставици, јогурт и мраз.

Домат

И доматот содржи доста вода, а во текот на топлите денови е врвот од сезоната, па плодовите се највкусни.

Зачинета лута храна

Намирниците како ѓумбир, чили пиперка и бибер се многу застапени во топлите краеви бидејќи помагаат да се разладите.

Ротквици

Овој зеленчук и дава на вашата салата освежувачки вкус и е многу здрав. Ротквиците ќе ве разладат, а на храната ќе и пружат симпатична боја.

Лубеница

Покрај тоа што е полна со вода, лубеницата содржи доста антиоксиданти. Таа е вистински избор доколку сакате да се засладите и разладите.

download

Нане

Оваа намирница има способност за разладување и освежување, па можете да ја користите како декорација врз храната, но и да направите вкусен чај од нане.

- Реклама -