Поседува 840 милиони долари, но живее во приколка

Тони Шеј е извршен директор на Zappos, а неговото богатство се проценува на 840 милиони долари.

Шеј собра многу пари откако во 1999 година ја продаде својата компанија LinkExchange, на Microsoft за 265 милиони долари.

Zappos1

Актуелната компанија што ја поседува, Zappos, пак, е најголемата онлајн продавница за чевли во светот.

Според проценките Шеј би можел да си купи приватен остров во секој миг, но аместо да се оддаде на луксузен начин на живот, тој продолжува да живее во …приколка.

Zappos2

Шеј дури си купил караванен парк во Лас Вегас, каде што е сместена и неговата приколка.

„Тој не се грижи за парите. Дури и да има 1 долар во џебот, Шеј ќе биде среќен доколку луѓето околу него се радуваат“, вели Ерик Мур, еден од првите инвеститори во Zappos.

 

- Реклама -