Постои актуелен тип на чевли кои ова лето прегрнуваат со сета топлина и гостопримство, а тоа се сандалите со ремчиња на глуждот.
Стилистите советуваат дека тие можат да се носат и со панталони со должина над колениците, но и со здолништа и фустани , без разлика на нивниот крој.
Облеката во бела боја по традиција се носи секое лето, со памучна ткаенина и во секакви варијации, а со слични сандали ќе одговара исклучително секси.
Универзалноста на овие сандали се должи на фактот што изгледаат стилски во секоја комбинација. Тие даваат стабилно чувство и издаваат префинет стил. Ние ви предлагаме да експериментирате со слични сандали во светла нијанса, шарени принтови или актуелното сини, а ремчето може да биде квадратно и дебело, или тенко за секси фустани.
Чевлите со каишки се многу практични, па затоа гушнете ги нозете на начин на кој ќе се чувствувате стабилно и удобно.