Истражувачи идентификувале седум генетски маркери кои се поврзани со големината на женски гради.
Иако долго време е познато дека големината на градите е наследна особина, оваа студија првпат наоѓа специфични генетски фактори поврзани со разлики во големината на градите. Дополнително, два од тие маркери претходно биле поврзани со ризик од рак на дојката.
Николас Ериксон истражувач од 23andMe, компанија која врши генетски тестирања и е одговорна за оваа студија, вели дека овие наоди налагаат дека има биолошка врска која го врзува нормалниот раст на градите и ракот на дојката.
Студијата сама по себе не нуди доволно докази кои би ја поврзале големината на градите со рак. Но таа би можело да придонесе кон подобро разбирање на улогата која структурата на градите ја игра во одредување на ризикот од рак.
Во студијата Ериксон и неговите колеги анализирале информаци од 16.175 жени од европско потекло и ги споредиле нивните одговори на анкети со нивните генетски податоци. Додека густината на градите е познат фактор за ризик од рак, ефектот на големината е помалку јасен.
Неколку претходни студии покажале дека големите гради се поврзани со зголемен ризик од рак кај витките жени.