Личи на камп-приколка, ама оваа симпатична и елегантна еко-капсула е поблиску до подвижна викендичка, отколку било што друго.
Има јајцевидна форма со димензии од 2.5 метри ширина и 4.5 метри должина. Ветува авантуристички живот, без притоа да морате да се откажете од комфортот што го имате дома, како што е топла вода или струја.
The Ecocapsule располага со 750-ватна ветерна турбина која по потреба се собира/отвара и соларни панели со површина од 2.6 метри квадратни. Дури располага и со батерија, за да не останете без удобноста во облачните денови.
Топла вода? Од каде вода? Дизајнирана е така што под подот има резервоар кој ја собира водата од дождовите, како и утринската роса. Оваа вода потоа поминува низ мембрански филтер кој ги отстранува бактериите.
Како и секоја друга приколка, просторот е ограничен, но при толку снаодливи решенија, несомнено ќе има и ормари и простор за складирање. Наменета е за две возрасни лица. Има тоалет, туш, мини-кујна, кревет и маса. Ѕидовите се добро изолирани, а има и полнач со кој ќе можете да го полните вашиот електричен автомобил (под претпоставка дека тавки ќе бидат во иднината) додека го возите и ја влечете приколката.
Дизајнирана е од словачки креатори, а ќе биде изложена на Pioneers Festival во Виена. За јавноста ќе стане достапна подоцна годинава, а за цената ќе мора да почекаме до тогаш.