Емотивна реклама за вистинското значење на тоа да даваш

Тајландската мобилна компанија TrueMove која стана позната со рекламата Giving од 2013 година, повторно ќе ви ги разбуди емоциите со нова брутална, но убава реклама, во која ќерката на еден човек се среќава со тајландска жена која му помогнала на нејзиниот татко, додека тој бил воен заробеник во Втората светска војна.
Видеото, кое што елоквентно ни покажа една смела постапка на добрина, е дел од кампањата наречена „Вистинското значење на тоа да даваш“.

Еден од актерите во видеото вели дека видеото е инспирирано од затворот во Канчанбери во Тајланд, каде Јапонците ги принудувале затворениците да градат мост над реката Куај. Истата приказна е овековечена и во познатиот истоимениот филм „Мостот на реката Куај“.

- Реклама -