Како се вклопува велосипедот во модата?

Веќе неколку години велосипедот започна  интензивно да станува дел од секојдневниот живот на повеќе луѓе во светот и главен начин за придвижување низ градот, што е одличен знак дека има подигнување на идејата за здрав начин на живот и еколошката свест.

Веќе никој не смета дека треба да е облечен во спортска облека, за да биде на својот велосипед. На улиците во сите поголеми и помали градови во Европа може да се видат девојки кои елегантно ги надминуваат растојанијата и предизвикуваат илјадници насмевки кај луѓето кои ги забележуваат.

Велосипедите ги освоија срцата на девојчињата од секоја возраст и станаа извор на инспирација за оние од нив кои ја сакаат модата. Денес велосипедот не е само средство за движење, туку и совршен додаток кој може да ви помогне да се истакнете меѓу останатите. Сосема доволно е да бесне фантазијата за да го постигнете посакуваниот ефект. Додадете дополнителни плетени прегради, цвеќиња, гајба или кожена торба за велосипед, и сигурно ќе го преобразите своето еко возило.

Прочитајте и:  „Што носеше кога сама си го бараше?“

Ви препорачуваме да ги разгледате сликите кои ги одбравме за вас. Веруваме ќе се уверите дека не е проблем да возите велосипед секогаш кога ќе можете, без разлика дали одите на работа или во паркот, дали сте поткачени на високи потпетици или на рамни чевли.

2b8e9868f554182fb42f890efa6e05ae 3db4b7e69f959abf1a2c7d353057bbb9 4bdbd097d7236b2f429268a72ffbd3d2 6c11eff7c6ec3bf6e9362db03b41c812 6c405c6428a6c0894561918d833a33ef 6ea399c4ef3fbf1d824c76ea2a932d2f 7c407a1bf6730d1873a8718d7eded3ce 7fa86a1a8b178fac69371f2280bb0ee3 9b00e8e16a3a80f1326ff08a223ac735 29da099cbe7679ad44f777bb3e307bb1 31ba9c91b879679aa751009274b7f4b6 82b3185652ed4c14c675ea207206378d 3162f25eea2f2c73a77f52ddb22beaaa 7533a9d1d1cba1017fed13cadc5d6a06 21416d2a63b3521ac5e3f6730a56a920 520319efe8063085973bcd122b050fac a9286479f7426fc812a696c1455ec291 ae5fff8799190a44dd33185f88d11aaf c784d68cac0439258602dd5833bd5cf6 ce8c1c1bce9f9954916170c4e82eaede cff54f6e53843c987b0efad1f7cfee0a d7e45d53297b19cb30a24e39898b7b91 d16db0ed5ba4fccac04421bfc6840094 d45f3b23c0b4d39d03f474e8561e8c11 d311abf89d42b1c2f278b2d60a2a3797 d618f886e06fe40938ebe5419132cb11 daa934b1a8887dffd12df2df536272b7 ebf6364a0b27b75ba217f16996f9b2dc ed10b841dcc3ea39ca40f92ae5857b39 f45048b70328a1c81b83822ec157a5d3

- Реклама -