Живот во куќа без остри агли

Наместо стандардна правоаголна куќа архитект создал за себе и својата сопруга кружно живеалиште направено од стар силос за жито.

Необичната градба е со површина едвај 31 квадратни метри, но мебелот се вклопува толку добро во внатрешноста што просториите изгледаат пространи.

MG_2947(1)

 

Архитектот Кристоф Кајзер (Christoph Kaiser) е специјалист во дизајнот на мали станови. Овој пат сепак одлучил да направи не правоаголна, туку цилиндрична куќа (Silo House). За целта купил стар силос за жито и го модифицирал, за да го претвори во удобно живеалиште.

MG_3044

 

Фасадата на градбата претрпела неколку промени – нарачани се криви прозорци и врати, а брановидната челична обвивка е ребрендирана во бело.

Дел од ентериерот е од ореово дрво – топлите нијанси му придаваат комфорт на живеалиштето. Иако има скромни димензии, Кајзер успеал да ги распореди сите потребни предмети внатре, со тоа што се компактни и практични.

MG_3185

 

Кујната, бањата и гардеробата се наредени во круг.

- Реклама -