Купиле евтино мече на пазар, без да знаат колку всушност чини и зошто

Лиа Роџерс и Рајан Феленген продавале плишени играчки на саем, но во еден момент забележале виолетово мече на штандот на други продавачи.

Еден британски пар го купил мечето „Beanie Baby“ за 10 фунти ( околу 14 евра) на пазар, а подоцна разбрале дека истото чини околу 62.500 фунти.

Лиа Роџерс и Рајан продавале плишени играчки на саем, а во еден момент го здогледале познатото мече на друг штанд за стари играчки.

meda-foto-printskrin-1429540453-644287

Како поранешен колекционер, Рајан знаел дека станува збор за ограничено издание на Принцезата Дајана Ди Бини Бејби – едно од најбараните мечиња во колекцијата, кое може да вреди многу пари. Сепак, човекот бил изненаден кога дознал дека мечето е едно од 100-те направени во цел свет и дека неговата моментална вредност не е-bay е повеќе од 60.000 фунти.

Ова посебно издание е направено во 1997 година, кога починала принцезата Дајана. Изданието вклучува и песна на етикетата. Парот се надева дека ќе успее да го продаде ова вредно мече за да заработи за капар за куќата што планираат да ја купат.

- Реклама -