Гласот на мажите ја открива нивната сила

машки гласКраток телефонски разговор со кој било маж може да ви открие многу повеќе отколку што мислите. Машкиот глас ја открива развиеноста на горниот дел од телото, способноста за борба, здравствената состојба, возраста и емоционалната состојба на мажот. Сите овие информации можат да се откријат, без разлика која е содржината на неговиот говор.

Краток телефонски разговор со кој било маж може да ви открие многу повеќе отколку што мислите. Машкиот глас ја открива развиеноста на горниот дел од телото, способноста за борба, здравствената состојба, возраста и емоционалната состојба на мажот. Сите овие информации можат да се откријат, без разлика која е содржината на неговиот говор.

Машки гласВо минатото, способноста за борба на мажите би била многу важна информација, бидејќи сите археолошки и антрополошки докази наведуваат дека тие, а не жените, поверојатно би биле оние кои би прикажале агресивно однесување. Затоа, би било многу важно да се знае колку е силен одреден маж.

Во студија извршена во Центарот за Еволувтивна Психологија на Универзитетот од Калифорнија, научниците ја мереле силата и пропорциите на мажи и жени, припадници на четири различни групи: етничката група Тсимане од Боливија, сточари-земјоделци од Андите и американски и романски студенти.

Обемот на мускулите, силата на стисокот и силата на градните мускули биле измерени кај сите доброволци. Тие исто така биле прашани за нивната историја на борби, во колку борби учествувале во претходните четири години. Потоа секој од учесниците кажал одредена реченица на неговиот мајчини јазик.

Прочитајте и:  Колку јајца можете да јадете на ден ако имате висок холестерол?

Друга група студенти од Универзитетот на Калифорнија потоа давале оценки за физичка сила, висина и тежина врз основа на овие снимени гласови. Нивните предвидувања биле точни за речиси секој машки доброволец, но не и за женските, иако многу од нив не го ни разбирале јазикот на говорниците. Но, и машките и женските слушачи подеднакво успешно ги оценувале гласовите на мажите.

Информации за силата на мажот би биле многу важни за двата пола во минатото. И мажите и жените би имале корист ако знаеле кој би бил победник во борба, за формирање корисни сојузи и за други причини. На мажите би им било важно да ги знаат овие работи за да знаат кого да го избегнуваат. На жените оваа информација би им помогнала при изборот на партнер.

Сепак, има исклучоци од врската меѓу гласот и силата. Гласот на Мајк Тајсон не е соодветен за неговата физичка сила, а има и некои мажи кои звучат силно, но се слаби. Сепак ваквите исклучоци се ретки.

Научниците не можеле да утврдат кој аспект од машкиот глас ја открива неговата сила. Тие шпекулираат дека најверојатно се работи за комплицирана комбинација на повеќе елементи, слично како кај процесирањето на привлечноста на човечкото лице. [Man’s Voice Reveals His Fighting Ability]

- Реклама -