Мисла на денот: За односот кон животот и работата

Еден човек си одел по патот кога одеднаш видел тројца работници кои пренесувале камења.
Го прашал првиот: Што правиш?

– Заработувам пари, му одговорил тој.

Потоа го прашал вториот: Што правиш?

– Ги поместувам овие проклети камења, одговорил вториот.

На крајот го прашал и третиот: Што правиш?

– Градам прекрасен храм.

Сите работници ја делеле истата работа.

Mисла на денот

- Реклама -