Bentley со хардкор модел со заден пренос догодина

Според актуелните гласини, британската марка Bentley, подготвува супер спортски модел за 2016 година. Autocar истакнува дека станува збор за автомобил кој ќе биде уште порадикален од GT3-R и ќе се задвижува само на задните тркала.

Новата машина ќе користи модифицирана верзија на 4.0-литарски V8 мотор кој ќе биде со зголемена моќ, сега вкупно  575 КЅ. Покрај тоа, тежината ќе биде намалена до 200 килограми во споредба со споменатиот модел. Базата врз која ќе биде надградена новата спортска изведба ќе биде врз актуелниот Continental GT.

Производството на хардкор моделот ќе биде ограничено, а цените ќе почнуваат од околу 300.000 фунти.

 

- Реклама -