Дерби за четвртата генерација на Lexus RX

Lexus понуди први официјални информации и тизер за четвртата генерација на кросоверот RX. Светската премиера на автомобилот ќе се одржи на во рамките на претстојниот автосалон во Њујорк.

Судејќи од единствената слика на автомобилот, новиот Lexus RХ, ќе добие дизајн во стилот на компактниот кросовер NX. На фотографијата се гледаат задните светла, кои практично асоцираат на елементи од сериските модели Lexus GS и IS.

Според прелиминарните информации, Lexus RX ќе добие неколку агрегати, меѓу кои и V6 мотори, кои се наоѓаат во арсеналот на Toyota. Гамата се дополнува со хибриден погон, комбинација на новиот 2,0 турбо агрегат, претставен во Lexus NX и електромотори.

- Реклама -