За милион долари во Монако можете да купите само 17 квадратни метри стамбен раскош, во Хонг Конг 20, а во Лондон 21 квадрат.
Во Њујорк за милион долари можете да пазарите во просек 34 квадратни метри екстравагантен стамбен простор, а во Сингапур, Женева и Сиднеј по 39 квадрати.
Според годишниот извештај на консултатската куќа Најт Франк, која пластира информации за начинот на живот на утра богаташите, за милион долари во Шангај во просек може да бидат купени 48 квадратни метри луксузен стан, во Париз 50, а во Лос Анџелес 57 квадрати.
Њујорк во последните извештаи се наведува како град во кој цените за недвижности растат со најброз темпо 18, 2 проценти годишно.
На второ место по темпото се наоѓа Аспен, во Колорадо, со 16 проценти, а потоа следат Бали и Истанбул, каде што цените годишно растат за 15 проценти.
Абу Даби е на петто место со 14, 7 отсто, Сан Франциско на шесто за 14, 3 отсто.
На седмо место е Даблин со просечно годишно поскапување на дуплекс недвижнини од 13, 4 отсто, потоа Омана, Маскат со по 13, 2 проценти.