За Тoyota Mirai ќе се чека три години?

Некои од купувачите на моделот со водород, Toyota Mirai, може да почекаат и до три години пред да ги добијат своите автомобили.

Компанијата објави дека само во Јапонија добила 1.500 нарачки, а производството на Mirai е само три автомобили на ден, во фабриката каде пред се произведуваше Lexus LFA.

Во конкест на ова се појави и информација дека оние кои се на самиот крај на листата биле предупредени дека може да почекаат и до 2018 година, за да си го добијат својот нов автомобил со горивни ќелии. Информацијата е од The Wall Street Journal, но се уште не е потврдена од Toyota. Сепак, од компанијата објаснија дека производството на Mirai е ограничено, бидејќи при составувањето се имплементираат новите технологии и мора се да се одвива мошне прецизно и со највисок квалитет.

Во 2015 се очекува да бидат составени околу 700 примероци Mirai, а догодина бројката да надмине неколку илјади. Зголемувањето на производството ќе ја намали висината на трошоците за составување на Mirai, па возилото ќе биде подостапно и ќе нема толку да се чека. Следниот чекор на марката за да се намали цената на Mirai е да се стигне до реалните трошоци на моделот за даможе да им конкурира на дизел автомобилите и конечно во исто време да почне да се заработува од него, а не да се бележат само негативни остварувања, вкалкулирани на стартот на приузводството во моментов.


Според прогнозите на Toyota до ова, односно до масовно ширење на технологијата на горивните ќелии меѓу другите автомобилски производители, ќе потрае 10-15 години, но не е сигурно дека други компании ќе го следат овој пат. Многу од нив се обложуваат на електрични и инвестираат сериозни средства во создавањето на поевтини и поиздржливи батерии, кои ќе обезбедат поголема километражата.

- Реклама -