Новиот Rolls-Royce Serenity – еротика на тркала

Rolls-Royce е познат по тоа што на своите клиенти им го овозможува најголемиот луксуз на планетава, но на тековниот саем за автомобили во Женева, марката отвори едно сосемо ново поглавје со супер ексклузивниот модел Serenity. Уникатниот стил на автомобилот е инспириран од јапонската кралска традиција.

Rolls-Royce Serenity (3)

За раскошот на надворешноста во голема мера придонесува трослојната боја со бисерен ефект и дванаесетчасовното рачно полирање за навистина беспрекорен сјај. Исто така, на каросеријата се рачно насликани дискретни цветни детали – симбол на црешовото дрво што е многу почитувано во земјата на изгрејсонцето.

Rolls-Royce Serenity (6)

Сепак во внатрешноста величественоста навистина доаѓа до израз. Rolls-Royce ја одбрал најквалитетната свила од Кина во должина од 33 метри, а потоа ја транспортирал на доработка во Велика Британија. Тамошните мајстори на ликовната уметност на самата свила насликале детали од дрвја и цветови.

Прочитајте и:  Истражување: Јапонците најмалку уживаат во љубовниот живот

Rolls-Royce Serenity (7)

Ваквиот специјален материјал дизајнерите од Rolls-Royce го искористиле за прекривање на задните седишта, покривот и панелите на вратите.

Rolls-Royce Serenity (5)

За уште поголем луксуз во ентериерот се користат материјали како црешово дрво и бамбус. За дополнително разубавување, дизајнерите употребиле и рубини за декорирање на часовникот.

Rolls-Royce Serenity (4)

- Реклама -