7 луди нешта кои можете да ги купите на Интернет

BMP1_for_saleАко имате многу пари со помош на Интернетот можете да си дозволите сè и сешто: од тоа да си изнајмите позната личност до купување на тенк или радиоактивен ураниум…


kitaiАко имате многу пари со помош на Интернетот можете да си дозволите сè и сешто: од тоа да си изнајмите позната личност до купување на тенк или радиоактивен ураниум…

7. Славна личност

Ако имате еден куп пари и не знаете како да ги потрошите контактирајте ја компанијата Millionare’s Concierge која ќе ви изнајми познати личности како Памела Андерсон или Леонардо Ди Kаприо за вашата приватна забава. Парис Хилтон можете да ја добиете за 100.000 долари, но никој не може да се мери со Доналд Трамп кој се изнајмува за неверојатни 300.000 долари на час.

6. Способност да одите по вода

Равиена од компанијата Water Walking Ball, големата топка на надувување ќе ви озвозможи да одите по вода. За само 500 долари.

5. Некој што ќе чека на ред наместо вас

Страницата www.linestandig.com ви овозможува да „изнајмите“ некој кој ќе стои во ред наместо вас. За жал, услугата е ограничена само на територијата на САД.

4. Левитирачки скутер

10321Ова технолошко чудо го произведува компанијата Hammacher Schlemmer, а можете да го набавите по цена од 17.000 долари. Левитирачкиот скутер работи на принципот на воздушно перниче со помош на кое возилото се одржува над земјата.

3. Костим на млазен погон

Ако барате незаборавна авантура, веб страницата Jet P.I. ви нуди костим на млазен погон. За жал, постои и мало предупредување кое вели дека костимот можат да го купат „квалификувани индивидуалци кои поминале низ соодветен тренинг.“

2. Тенк

Во Велика Британија, кога во војската ќе дојде до вишок оклопни возила, заради редизајн или старост, таквите модели ги нудат на продажба на заинтересираните купувачи. Страницата www.tanksforsale.co.uk нуди разни видови возила и тенкови, а за вашиот нов оклопен миленик ќе мора да издвоите околу 60.000 долари. За жал, ако немате голем двор или приватен имот нема да можите да го возите, освен ако не сакате на крај да завршите во затвор.

1. Ураниум

Станува збор за исклучително радиоактивен изотоп кој ги претвори во пепел Хирошима и Нагасаки и затру генерации луѓе. Може да биде ваш за само 200 долари, што е, како што можете да забележите, поевтино од Xbox 360. Интересно, на веб страницата United Nuclear која нуди радиоактивни материјали во научни цели, стои дека поголемиот дел од залихите од ураниум се распродадени, што не води до прашањето кој воопшто и зошто го купува?!

- Реклама -