Германскиот производител на автомобили Porsche претстави нова модификација на кросоверот Macan. Топ верзијата на моделот – Turbo S, е доработена од одделот Porsche Exclusive.
Теренецот се одликува по специјалната боја на каросеријата – Red Metalic, 21-инчни фелни од лесна легура Sport Classic, жолти сопирачки апарати, ретровизори SportDesign, затемнети би-ксенон фарови и уште голем број елементи на екстериерот, меѓу кои се единствената маска на ладилникот, пропустите и заден дифузор. Ентериерот на машината се карактерисира со темнокафена кожа, а на инструменталниот панел се наоѓаат елементи од карбон. Сите копчиња, како и безбедносните ремени се во боја на каросеријата.
Оваа верзија на Macan е опремена со 3.6-литарски V6 мотор кој нуди моќност од 400 КЅ и 550 Nm вртежен момент. Со овој агрегат кросоверот забрзува од 0 до 100 km/h за 4,8 секунди.
Уште минатата година, шефот на одделот за развој на Porsche, Волфганг Хатс најави дека неговата компанија ќе објави ексклузивни модификации на нивните врвни модели. Ова се случи прво со ограничена серија на Porsche Panamera Exclusive која пожнеа сериозен успех на пазарот.