Ви се наоѓа нешто од ова по дома? Можете да го продадете за неверојатно добри пари!

Ако сте од оние што не ја фрлаат старата технологија, имаме добри вести за вас. Она што некогаш го плативте одредена сума пари, сега можете да го продадете за многу повеќе. Па, да видиме дел од она што некогаш беше застарен модел, а денес се смета за богатство:

Оригинално Nintendo Game Boy

gameboy
Идејата дека постои Game Boy што никогаш не бил игран е прилично тажна. Но, можноста дека некаде постои запечатен VGA модел во неговата оригинална политенска торба е супер вест за колекционерите, кои се спремни да платат сериозна сума на пари. На пример, еден од колекционерите продава еден ваков модел на eBay за околу 1350 евра.

Apple iPod Classic 160GB

$_57[1]
Цената малку падна откако насловите по медиумите предизвикаа поплава од ајподи за продажба на eBay, но неодамна прекинатото производство на iPod Classic значи дека овој модел се уште вреди убава сума на пари. На пример, на Buy It Now се продава по цена од 520 евра, што  воопшто не е висока во споредба со цената наведена во некои други огласи.

iPod – прва генерација

$_57[1]
Има само 5GB просторна меморија и според денешните стандарди е на пат да биде сметан за старо ѓубре, но првиот iPod е класика во однос на дизајнот, и тоа таква што би можела да стигне до музеј во некоја од наредните години. Со оглед на тоа, еден продавач на eBay го продава за 4040 евра.

Gran Turismo 5

$_57[1]
Ова не е обична GT5 за PlayStation 3. Ова е потпишано издание од самиот продуцент Казунори Јамаучи, а продавачот смета дека е едно од само три постоечки такви примероци. Се уште нова и неотпакувана, се продава за 3370 евра.

SNK vs Capcom SVC Chaos

svc-chaos[1]
Една од овие јапонски кертриџи за игри на Neo Geo конзолата беше продаден за 330 евра. Играта е издадена во 2003-тата, и тоа за платформа чие производство беше прекинато во 1997-та. Сепак, многу од гејмерите сметаат дека Neo Geo е една од најдобрите играчки конзоли некогаш произведени.

Pokemon дистрибуциски кертриџ

$_57[1]
Имате DS? Фан сте на Pokemon? Кертриџ со неколку дополнителни карактери чини околу 400 евра.

Evil Zone за оригиналниот PlayStation

$_12[1]
Оваа користена PS1 игра моментално се продава за 90 евра. Вреди да го пребарате шпајзот ако мислите дека можеби имате некоја неотпакувана PS1 игра. Resident Evil: Director’s Cut, на пример, чини 800 евра.

2 Steel Battalion контролери, и Xbox со поддршка

$T2eC16h,!zIFIekv,ISJBSZ1IIRYwg~~60_57[1]
Фановите на механичките игри знаат – Steel Battalion е оригиналниот и одличен Xbox контролер, што прави да се чувствувате како навистина да управувате џиновски роботски тенк. Ваков пар, заедно со две копии од играта и два Xbox-а, чинат ~2700 евра.

SEGA Master System

$_57[1]
Првата конзола на SEGA се уште се движи по цена од околу 1200 евра, со тоа што малку поновите модели чинат по неколку стотици евра.

Nokia 3310

Repairability[1]
Се смета за најдобриот мобилен телефон некогаш произведен, а се продава по цена од над 130 евра.

Ericsson T28

T28%20Ericsson[1]
Уште една класика, а е толку популарен што некои од продавачите на eBay продаваат неквалитетни примероци или стари модели маскирани во нови. Легитимниот модел, во добра состојба, се продава за 175 евра.

Motorola StarTAC 130

EEA476A9C51D739E2AA22885B1B6BE_h498_w598_m2[1]
Што понепопуларен и поредок модел, толку повисока цена. Така, Motorola StarTAC 130 се продава за 535 евра.

Аpple I

apple-1-computer[1]
Оригиналниот Apple 1 беше произведен во околу 200 примероци, а се смета дека само 20 од нив постојат денес. Еден од нив, во октомври, на аукција во Њу Јорк, беше продаден за 905.000 долари (800.000 евра).

- Реклама -