Летово на плажите наголемо ќе се носат костими за капење со висок струк во пинап-стил, асиметрични форми, јаки контрасти, неонски бои, романтични плетки и необични принтови.
Високиот струк е буквално најсилниот женски адут на плажите. Пинап-стилот на Мерилин Монро и Бети Пејџ доминира сезонава, со едноделни и дводелни модели што се создадени за да ја следат природната форма на телото.
Асиметричните форми и необичните принтови летово се уште еден доминантен тренд. Побарајте модел што буквално повеќе наликува на архитектонско дело отколку на парче облека. Кога се принтовите во прашање, важи правилото повеќе е помалку, затоа слободно најдете го најсмелиот и најчуден модел.
Романтичните плетки се идеална опција за сите жени што сакаат да постигнат безвременски изглед на плажата. Овој крој е едноставен, лежерен и истовремено навистина пријатен за окото, меѓутоа барајте модел со помалку материјал, затоа што, во спротивно на костимот за капење ќе му треба многу време да се исуши по капењето.
Јаките контрасти и неонски бои се исто така добар избор за претстојната сезона. Меѓу првите најдоминантен е црно-белиот стил, додека ако преферирате боја, одберете модел во смела зелена, сина, розова или портокалова.