Мора да се признае дека маркетинг тимот на Волво врши навистина одлична работа. Според многумина, тие ја направија дефинитивно најдобрата реклама за изминатата (2014) година.
Оваа прекрасно рекламно видео повеќе наликува на еден вид краток филм. Она што е најинтересно е што тие не го форсираат автомобилот во фокусот, туку напротив, успешно го пренесуваат чувството и вибрациите на овој бренд.
Погледнете ја рекламата која е полна со емоции. Браво за Волво!