Болки во долниот дел на ‘рбетот

Дознајте го одговорот од страна на специјалистите за физикална медицина и рехабилитација, на прашање во врска со болки во долниот дел на ‘рбетот.

Најпрво, прочитајте го прашањето:

„Имам 15 години. Ми се случуваат чести болки во долниот дел на ‘рбетот и тренирам кошарка. Дали тие болку можат да се намалат? Имам мала сколиоза. Дали е тоа причинител на овој проблем?

Благодарам однапред“

Еве го и одговорот од стручното лице:

Во твоите години се уште се расте, а со оглед на тоа што тренираш кошарка, сигурно си повисок. Во млади години развојот и силата на мускулите често, не можат да го следат забрзаниот раст на коските. Значи и покрај занимавањето со спорт, мускулите се веројатно слаби и треба да ги зацврстиш.

Прочитајте и:  Заборавете на лековите: Ова се 5 магични чаеви кои засекогаш ќе ви ги решат дигестивните проблеми

Сколиозата е дополнителна причина за мачнини, па би било корисно да се обратиш кај физиотерапевт, за да добиеш упатства и одредена програма на вежби за рбетниот столб.

Се случува поради споменатите нееднакви мускули/коски, а покрај напорните тренинзи, да дојде до „изместување“ на пршлени, а тоа може да се реши со мануелна терапија – миофасцијални ослободувања, нежна хиропракса, или мануелна репозиција –  „местење“ од страна на стручни лица.

 

- Реклама -