Здравјето и влијанието на крвните групи

Луѓето со која крвна група се најздрави?
Лицата со крвни групи А,Б или АБ имаат поголем ризик за болести на срцето, отколку оние со нулта група, објавија американските научници.

Податоците на истражувачите од националниот институт за здравје, биле собирани седум години со примери од околу 50.000 испитаници од северозападен Иран.

Притоа, се покажало дека оние со крвни групи А,Б или АБ имаат просечно 9 проценти поголем ризик од смрт, како последица на потешкотии со здравјето, отколку оние со нулта крвна група.

Испитаниците од првата група имале просечно 15 проценти поголем ризик за смрт од болест на срцето, во споредба со нивните врсници со нулта крвна група.

Прочитајте и:  Храна која може да доведе до затнување на артериите

Покрај тоа, испитаниците со крвни групи A,Б или АБ имале просечно за 55 проценти поголем ризик за смрт од рак на желудникот во однос на испитаниците со нулта крвна група.

Научниците истакнуваат дека добиените резултати не влијаеле на фактори како пол, старост, пушење, социоекономски статус или етничко потекло.

 

- Реклама -