Силуета на новата генерација Chevrolet Camaro

За време на прес-конференција во рамките на автосалонот Детроит 2015 беа прикажани контурите, како и некои детали, за новата генерација на Chevrolet Camaro.
Како што може да се суди од објавената силуета, автомобилот нема да се разликува радикално од својот претходник. Но, од она што беше потенцирано, дизајнерите сепак направиле конкретни зафати во одредени сегменти, односно ги промениле маската, браниците, фаровите…

Се очекува новиот Chevrolet Camaro да биде изграден врз заедничката платформа, која ја делат Cadilac ATS и CTS, а во моторизацијата ќе се најде 2.0-литарски турбо мотор кој ќе развива 276 КЅ и 400 Nm вртежен момент. Најверојатно Chevrolet Camaro ќе биде претставен официјално за време на автосалонот во Њујорк, оваа пролет.

- Реклама -