Откако првите автомобили со оваа технологија веќе се доставени до клиентите, на саемот CES во Лас Вегас, BMW претстави иновативни функции од ласерската светлина, за иднината.
Ласерската светлина импресионира со исклучителен дострел до 600 метри и веќе ги комбинираат овие вредности со асистент составот за долгото светло на BMW, Selective Beam. BMW за прв пат покажа како ласерските фарови може сеопфатно да бидат поврзани со помошните системи и сензорите на возилото, што обезбедува поинтелигентни функции за осветлување, важни елементи за уште поголема сигурност и удобност. Во комбинација со систем за навигација, се предвидува дополнително осветлување на свиоците, а со составот Dynamic Light Spot со ласерска технологија, пешаците и животните се препознаваат навремено во текот на ноќта на оддалеченост и до 100 метри.
BMW M4 Concept Iconic Lights со боја Cool White metallic е новата интерпретација на типичните модели за BMW со двојни тркалезни фарови. За време на движење внатре во фаровите се гледаат суптилни сини ленти на ласерска технологија. Задните светла на BMW M4 Concept Iconic Lights се направени од органски диоди, т.н. OLED кои генерираат светлина од исклучително тенки полупроводнички слоеви, од органски материјали. За првпат трепкачите и паркирните светла се исто така со таква технологија.
Во ласерските фарови кохерентните и монохроматичните сини ласерски зраци се претвораат во безбедна бела светлина. Специјалната оптика ги насочува зраците од најмоќните диоди кон фосфорна плоча на ласерски извор на светлина. Покрај пониска потрошувачка на енергија за 30%, благодарение на групациите на паралелните зраци се постигнува 10 пати поголем интензитет на светлина во споредба со онаа од халогените, ксенонските или LED извори на светлина. Со опсег до 600 метри ласерска светлина на BMW го осветлуваат патот за два пати поголемо растојание пред автомобилот и на тој начин ја зголемуваат безбедноста при возење ноќе.