Освен новата генерација на Chevrolet Volt, General Motors во Детроит претставува уште еден електромобил Chevrolet Bolt EV concept.
На самиот почеток вреди да напоменеме дека американските медиуми уште во 2013 година пишуваа дека General Motors подготвува автомобил на електричен погон, кој ќе се продава под знакот на Chevrolet, а минатата година се појави информација дека овој новитет би требало да има автономија од 200 милји, односно 322 km.
На NAIAS 2015 конечно е претставен Chevrolet Bolt EV concept, кој на некој начин ги потврди сите гласини на оваа тема. Засега само концепт, а неофицијално на прес конференцијата на претставувањето на прототипот, можеше да се слушне дека сериската верзија би можела да се појави веќе во 2017 година, по цена од ококлу 30.000 долари и со веќе споменатата автономија од 200 милји.
Chevrolet не истакна премногу детали за новиот Bolt, освен тоа дека во неговата конструкција се употребени материјали како што се алуминиум, магнезиум и јаглеродни влакна, со цел да се добие возило со мала тежина. Тука се и LED светла, панорамски покрив, пространа hi-tech внатрешност, тенки седишта и 10-инчен дисплеј чуствителен на допир…