Ресторан започна со достава на валкани садови (видео)

Британската компанија “Housebites” излезе со излезе со инвентивна идеја како да го зголеми рејтингот кај своите клиенти, а воедно и да привлече и нови. Имено, за доплата од 5 фунти можете да да ги добиете и валканите садови во кој е зготвена храната која сте ја нарачале од ресторанот.

Оваа несекојдневна интересна идеја челните луѓе на компанијата ја добиле откако нивните потрошувачи преку социјалните мрежи побарале да ги задржат валканите садови неколку часа. Трикот е во тоа што ако имате гости и ги видат валкните садови, ќе си помислат дека самите сте ја зготвиле вкусната храна која предходно сте им ја сервирале.

Принципот на достава е сличен како повратната стаклена амбалажа, така што ако еднаш сте нарачале, во следната достава ги враќате старите садови. Можете да добиете и екстра попуст од 2,5 фунти ако ги измиете валканите садови пред да ги вратите.

Прочитајте и:  Храна која може да доведе до затнување на артериите

{youtube}xCPdqP0YyJg{/youtube}

- Реклама -