Зошто списанијата во чекалните се секогаш стари?

Сте забележале ли дека најголемиот дел од списанијата кај вашиот забар се стари изданија? Знате ли зошто? Причината е поинаква од онаа што ја претпоставувате.

Во Британскиот Медицински Журнал беше објавена студија која објаснува што е причината за таквата појава. Тимот од Универзитетот во Оукленд го следел исчезнувањето на 87 обележани магазини, од различен период и со различна тематика, од чекалната на една амбуланта. Истражувачите забележале дека новите магазини исчезнуваат многу побрзо од постарите и дека „жолтиот печат“ исчезнува побрзо од списанијата во кои нема трачеви.

magazines2[1]

28 од 47-те нови списанија (60%) и 10 од 35-те постари (29%) исчезнале за време на истражувањето. Ниту едно од 19-те „неозборувачки“ списанија (како The Economist и Time) не исчезнало, за разлика од 26 од 27-те магазини со трачарска содржина. По 31 ден, исчезнале сите 15 од најпознатите озборувачки списанија и сите 19 од најпознатите нетрачарски списанија.

Така, „научниците“ заклучиле дека тоа што во чекалните во ординациите, фризерските салони и слични установи ќе налетате претежно на стари списанија, не се должи на тоа што некој намерно набавува стари броеви и не добавува нови, туку на тоа што луѓето повеќе имаат мерак да ги крадат тазе изданијата.

- Реклама -