Една од 10-те најдобри реклами на 2014 година, според Adweek, е ова инспиративно видео за американскиот бренд за спортска облека и додатоци Under Armour, дело на агенција Droga5 од САД.
Целна група на кампањата се жените.
Целта е тие да бидат инспирирани од историјата на главната хероина – убавата и силна Мисти Коупланд – солистка на Американскиот балетски театар.
Кога била мала, таа добила писмо во кое стои: „Почитувана г-це кандидат, ви благодариме за вашето барање за учество во нашата балет академија. За жал не сте прифатени … – немате соодветно тело за балетот. Освен тоа на возраст од 13 години сте премногу возрасна за да биде детално разгледана вашата кандидатурата”.
Рекламата се шири под мотото “I Will What I Want”.