Децата понекогаш едноставно не разбираат дека нивните постапки не се пристојни. Затоа родителите се тука, да ги научат на основните правила на убаво однесување.
Во вревата на секојдневниот живот, вработените родители немаат многу време за да го посветат на воспитување на своето дете. Сепак, за да биде учтиво и љубезно, детето мора да има манири што се одраз на убаво однесување во општеството.
Лицето е огледало на душата, а детето на родителот.
Доколку сакате убаво воспитано дете, тогаш потрудете се да го научите да:
– Каже „Те молам“ доколку нешто бара, а „Благодарам или фала“ кога нешто ќе добие.
– Не ги прекинува возрасните во текот на разговорот, освен во итни ситуации. Зборот „извинете“ е најучтив начин да се вклучи во разговор.
– Не треба да го коментира физичкиот изглед на другите, во смисла дека се гадни.
– Не треба да користи непристојни зборови.
– По прашањето „Како си“, да одговори и да го праша другиот „како си ти“
– Кога се двоуми околу нешто, да не му е срам да праша.
– Кога телефонира да знае да се претстави.
– Пред да влезе во нечиј дом да заѕвони или да тропне на врата.
– Кога кашла или кива да ја покрие устата.
– Кога ќе ги растури сите играчки, да создаде навика потоа да ги врати на вистинското место.