Жената која може да го види времето

Повеќе... Holly Branigan има необична способност – таа може да го види времето во просторот, состојба која се нарекува временско-просторна синестезија.


seeing-time.gifHolly Branigan има необична способност – таа може да го види времето во просторот, состојба која се нарекува временско-просторна синестезија.

Холи, која е научник на Универзитетот во Единбург, открила дека е синестет на едно предавање одржано од Др. Џулија Симнер, психолог на Единбуршкиот Универзитет, која го проучува овој феномен. Др. Симнер смета дека ова може да е најчестиот облик на синестезија, иако овој феномен е само малку проучуван од страна на научниците во последните неколку години. Попознати форми на синестезија се оние кои предизвикуваат луѓето да ги гледаат бои кога слушаат звуци или да чувствуваат вкусови кои ги асоцираат на одредени зборови.

Еве како Holly Branigan го опишува искуството да се гледа времето во просторот:

„За мене тоа е како патека за трчање. Патеката е организирана околу академската година. Кратките патеки се летото и Божиќните празници – летниот одмор е малку подолг. Тоа е како јас да сум во центарот и се вртам пополека додека годината изминува. Доколку размислувам за иднината, мојата перспектива се менува.“ [What is it like to see time?]

- Реклама -