Jetovator ги следи истите принципи како и ранците со погон на водени млазови. Но наместо да го носите како ранец оваа верзија се вози како скутер без тркала со погон на млазови вода.
Како и ранците и Jetovator е опремен со долго црево поврзано со турбината на класичен скутер на вода. Но иако не можете да одите каде што сакате, отсуството на голем тежок мотор значи дека со овој скутер ќе можете да се издигнете до 9 метри над водата или да се нурнете до 3 метри под површината.
Jetovator чини речиси 9000 долари, и иако во таа цена е опфатен скутерот, 15 метри црево и сите потребни адаптери, не е опфатен класичниот скутер од кој се добива погонот. Значи сепак и не е евтина играчка за на вода, но никогаш нема да се забавувате на овој начин во педалинка.
{youtube}Xie8TeJJa6s{/youtube}